Поврзете се со нас

Шпанија

Савиола за пораката од Чави за трансферот во големиот ривал: Ако отидеш во Реал…

Објавено

на

Хавиер Савиола е еден од групата на играчи кој во својата кариера настапуваше за двата најголеми шпански клубови Барселона и Реал Мадрид.

Тој беше член на каталонците во периодот од 2001 до 2007 година со тоа што две сезони мина на позајмици во Монако и Севилја за да потоа изненадувачки одлучи да се пресели во Реал Мадрид. Ова дефинитивно го налутило Чави Ернандез кој му испратил конкретна порака на Аргентинецот.

-Со оглед на тоа какви фанатици се во Барселона, Чави ми кажа: Другар, немој ни да размислуваш за тоа, немој да си се осмелил. Ако тоа го направиш ќе ме изгубиш како пријател. Требаше да го следам својот пат, -раскажа Савиола.

Хавиер се пресели во Реал и за две години даде 5 голови на 31 натпревар. Неговиот учинок во Барса пак беше 72 погодоци на 174 мечеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни