Поврзете се со нас

Англија

Савињо човек на одлука, Халанд ја затвори годината со гол за победа на Сити (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити е далеку од шампионски ритам и не изгледа како тим кој може да се бори за врвот на табелата, но позитивна вест за Пеп Гвардиола пред самиот крај на 2024-та година е тоа што истата неговиот тим ја завтори со победа.

Сити запиша само една победа на последните 13 натпревари пред денешната пресметка со Лестер, но англискиот првак сега има зошто да верува дека може да излезе од криза, особено поради тоа што вечерва имаше неколку разиграни фудбалери во тимот.

Главната разлика ја направи Савињо кој постигна гол и асистираше до Ерлинг Халанд при голот за 0:2, но вистинско освежување беше и резервистот МекАти кој влезе во вториот дел.

Сити славеше со 0:2 и во далеку подобра атмосфера ќе ја приведе 2024-та при крај, а новата 2025-та ќе ја отвори со натпревар на домашен терен против Вест Хем.

Тоа ќе биде нова добра шанса за три бода, по што Сити повторно би влегол сериозно во трката за топ четири пласман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни