Поврзете се со нас

Балкан

Савиќевиќ за „големата четворка“: Оваа фотографија денеска би вредела милијарда евра (Видео)

Објавено

на

Дејан Савиќевиќ останува запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на поранешна Југлославија, а својот потенцијал го потврди со генерацијата на Црвена Звезда која стана и европски шампион во 1991 година.

Црногорецот потпиша за Звезда во ист преоден рок со нашиот Дарко Панчев, а двајцата беа меѓу клучните играчи за постигнувањето на историскиот резултат, крунисан во финалето во Бари.

Во едно од своите подкаст гостувања, Савиќевиќ искоментирал и една легендарна фотографија од стадионот „Маракана“, на која во прв план се тој, Панчев, Роберт Просинечки и Драган Стојковиќ-Пикси.

Иако актуелниот српски селектор замина од Белград пред победничката сезона во Купот на европските шампиони, со својот квалитет и реноме дефинитивно го заслужи коментарот со кој Савиќевиќ го опиша квартетот.

– Србин, Хрват, Македонец и Црногорец беа најдобри во светот, а не е виц!

– Сега оваа слика би вредела сигурно една милијарда евра, ако не и повеќе. Во тоа време сумите се движеа околу десетина милиони евра, значи тие 40 милиони евра – 40 години подоцна сигурно би биле една милијарда. Играчи од таков тип се продаваат по 150-200 милиони евра, а јас мислам дека ваква четворка нема да се повтори долго.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни