Савиќевиќ: Терзиќ и Звезда фрлија атомска бомба на црногорскиот фудбал

savicevic

Црногорската фудбалска репрезентација непланирано остана без селектор, откако Љубиша Тумбаковиќ реши да го бојкотира квалификацискиот натпревар против Србија и тоа поради притисоците кои му ги направија дел од фановите и јавноста во неговата татковина.

Во пакет со Тумбаковиќ, бојкотираа и двајца фудбалери кои играат за Црвена Звезда, а тоа е и доволна причина што првиот човек на федерацијата, Дејан Савиќевиќ, го посочи претседателот на „црвено-белите“, Звездан Терзиќ за човек кој го диригирал притисокот.

– Терзиќ беше еден од клучните кои вршеа притисок на фудбалерите на Ѕвезда и нормално тоа го направи преку навивачите, се знае дека тие се продолжена рака на власта. Истиот ден кога игравме против Косово, нивната женска репрезентација играше против Косово, но никој не зборуваше за тоа. Еден ден ќе кажам кои служби и луѓе му сугерираа на Тумбаковиќ да не ја води репрезентацијата, а на фудбалерите да не играат. Изјавата на Терзиќ дека не е инлволвиран се смешни.

Во минатото српските власти имаа распишано потерница против Терзиќ, кој подоцна се врати во Србија и сега извршува висока функција, па Савиќевиќ алудира на „случајноста“ во сето ова.

– Тој фрли атомска бомба на црногорскиот фудбал, но ние ќе ги преживееме бомбите. Прашањето е дали му беше страв од навивачите или оние кои го држат во рака со уцени поради неговите судски предмети, не знам дали ќе има образ да дојде во Црна Гора после ваков потег, – вели Савиќевиќ.

Facebook Коментари