Поврзете се со нас

Репрезентација

Савиќевиќ: Мораме да внимаваме на малите детали, можеме да се пласираме на ЕП

Објавено

на

Македонската репрезентација е во Перм каде ги прави завршните подготовки пред настапот на турнирот на кој ќе одиграме четири средби во пет натпревари.

Темпото ќе биде жестоко, но затоа беа повикани 15 играчи меѓу кои и младиот Лука Савиќевиќ. Савиќевиќ се надева дека ќе добие можност да заигра затоа што тоа е сон на секој кошаркар.

Секој од нас сонува за настап во сениорската репрезентација. На нас младите е да се бориме и да тренираме јако и да учиме од постарите, и од тренерите, секако. И верувам дека еден ден сите ќе имаме настапи за репрезентацијата, -вели Лука кој е оптимист и верува оти можеме да дојде до билет за Европското првенство.

Атмосферата во тимот е одлична. И доколку сите го дадеме максимумот, се бориме, мислам дека ќе дојдеме до посакуваната цел, и дека ќе оствариме пласман на Евробаскетот. Ние како помлади напредуваме со тоа што играме со поискусните од нас. И учиме многу од нив. Нашата игра се сведува на тоа да внимаваме на многу мали детали. Да не се плашиме од дуели. Едноставно, да не се повлекуваме. Научивме доста работи од нив, и мислам дека доста напредуваме со овие заеднички тренинзи-заклучи Савиќевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни