Поврзете се со нас

Свет

Савичевиќ најдобар асистент за Лафајет во НЦАА лигата

Објавено

на

foto:x.com/LafayetteMBB

Македонскиот интернационалец, Лука Савичевиќ беше најдобар асистент за неговиот тим Лафајет во НЦАА лигата.

Гостите беа максимално конкурентни во соочувањето против Американ, тимот кој е на врвот во конференцијата и претрпеа минимален пораз од 71:69. Лафајет го доби првиот дел со 34:23, домаќините се разбудија во продолжението и направија пресврт со кој на крајот сепак го потврдија статусот на фаворит.

Нашиот Савичевиќ ги промаши сите четири удари за три поени за 30 минути на паркетот, реализираше вкупно 2 коша со 2 скока, 1 украдена топка, ама беше број еден по бројот на успешни додавања на паркетот, поточно имаше седум асистенции.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни