Поврзете се со нас

Репрезентација

Савевски повика 19 ракометарки за двата меча со Норвешка

Објавено

на

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентацијa, Љубомир Савевски денеска го објави списокот на повикани ракометарки за натпреварите кои следат до крајот на месецот и на почетокот на следниот..

Нашите најдобри ракометарки ќе одиграат два пријателски меча со Норвешка во „Борис Трајковски“ за да ја одработат предвидената ЕХФ недела.

Првиот натпревар е од затворен тип и ќе се одигра на 29 септември, додека на 1-ви октомври ќе има отворен меч со директен пренос на МРТ 3, а влезот ќе биде слободен за сите љубители на ракометот во Македонија.

Собирот е закажан за ден 26.09.2022 со почеток во 13.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

Повикани ракометарки:

1. Јована Мицевска OGC NICE COTE D’AZUR HANDBALL – Франција
2. Марија Јовановска ЖРК Куманово
3. Матеа Чурлиновска ЖРК Куманово
4. Јована Саздовска HC Dunărea Brăila- ROU
5. Емилијана Ризоска Ѓорче Петров ЖРК Скопје
6. Сара Ристевска CSKA Moskow- Русија
7. Теодора Дукоска Ѓорче Петров ЖРК Скопје
8. Ивана Џатевска ЖРК Вардар
9. Сања Дабевска RK Lokomotiva – Хрватска
10. Александра Коловска ЖРК МЕТАЛУРГ
11. Леонида Гичевска RK Lokomotiva – Хрватска
12. Ангела Јанкуловска Ѓорче Петров ЖРК Скопје
13. Симона Стојковска BSV Zwwickau – Германија
14. Моника Јанеска Konyaalti Beledie spor- Турција
15. Ивана Арсениевска ЖРК Металург
16. Бојана Коцева ЖРК Вардар
17. Марија Штериова HC Dunărea Brăila -ROU
18. Ива Божиновска ЖРК Металург
19. Ива Младеновска ЖРК Металург

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни