Поврзете се со нас

Европски првенства

Савевски: Ова Европско првенство ќе ни покаже до каде сме стигнале

Објавено

на

Македонија е еден од домаќините и организаторите на Европското ракометно првенство кое започнува денеска, а програмата вели дека нашата женска селекција првиот меч го игра утре против моќната Франција.

Нашиот најсилен женски колектив има привилегија своите натпервари да ги игра пред домашната публика во Скопје, но дефинитивно посебен момент ќе биде и тоа што сме домаќини на настан од највисок можен карактер како што е континенталниот собир.

Македонија утре ќе ги одмери силите со Франција во првиот од трите предвидени натпревари во групата, во која уште се и репрезентациите на Холандија и Романија.

– Подготовки во првите неколку дена ни беа на физички план, ставивме посебен фокус на тоа. Целта е да парираме, да направиме напредок во тоа што значи транзиција и враќање од напад во одбрана. Слабост ни е тоа што не најдовме противник да тестираме, силен ривал за да тестираме пред Европското првенство. Натпреварите со Франција и Холандија ќе ни бидат подготовка за она што не чека со Романија.

– Ги глеав Романките со Германија, тоа не е послаба селекција како што некои мислат. Сите мислат дека е послаба, но тоа е моќна репрезентација. Говорејќи за нас, гледам дека се наѕира екипа која може да игра на највисоко ниво и ова е добра шанса да видиме до каде сме. Во овој момент сум многу задоволен од репрезентативките кои се тука, сите напредуваат. Жалам што Коцевска и Дуковска не се тука, ние ќе имаме најмлад и најперскептивен тим на турнирот. Моја задача е да ги одработам двете години до септември и да оставам нешто што следниот селектор ќе може да го доработи. За нас е чест и задоволство што ќе играме на едно Европско првенство, треба да гледаме како тест за да видиме до каде ни се силите. Играме на ова Европско првенство како домаќини, но истото ќе ни донесе поповолна ждрепка за Светското првенство и се надевам дека конечно ќе играме и еден мундијал, – изјави селекторот Љубомир Савевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни