Поврзете се со нас

Репрезентација

Савевски избра 19 ракометарки за двата дуели со Норвешка (Фото)

Објавено

на

Покрај активностите на најсилната машка селекција која вечерва и во недела игра бараж финале за настап на Светско првенство, активни ќе бидат и женските ракометарки.

Селекторот Љубомир Савевски денеска го објави списокот на повикани ракометарки за двата престојни натпревари кои следат со репрезентацијата на Норвешка, а кои се дел од предвидената ЕХФ недела за репрезентации.

Во периодото од 21-ви до 24-ти април, девојките ќе одиграат два меча против истиот противник, прво во Скопје, а потоа и на гостување во Бекестуа.

Првиот собир на репрезентативките е закажан за понеделник, 18-ти април, еден ден откако ќе дознаеме дали Кирил Лазаров и неговите избраници ќе патуваат на мундијалот наредната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни