Поврзете се со нас

Европски првенства

Савевски: Имаше неодговорна игра, мораме да промениме многу работи против Романија

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација немаше сили да се избори за позитивен резултат против Холандија, меч од кој дефинитивно можеме многу да научиме, поправиме пред решавачката битка со Романија за два дена.

Селекторот Љубомир Савевски смета дека девојките изгореле во желбата, направиме многу грешки кои се надозволиви за мечеви од ваков ранг, но во исто време верува дека како екипа ќе соберат сили и ќе можат да се претстават во подобро светло во завршниот натпревар од оваа рунда.

-Девојките беа мотивирани, знам со која желба и надеж дојдоа на денешнава средба. Не знам дали беа преимпресионирани или Холандија беше толку доминантна што не дозволи ништо да направиме. Прававме такви грешки игравме како почетници, дозволивме да примиме брзи, лесни голови без да ги измориме. Многу голови ни дадоа на контра. Не можам да им замерам на борбеноста, ама имаше многу неодговорна игра. Пробуваа да играат еден на еден и тоа во средина каде беше најгусто. Изгледа дека во моментов сме многу далеку од Холандија, не беа објективни нашите надежи дека можеме да направиме нешто повеќе.

-Дуелот со Романија е последен, натпревар на кој ако победиме можеме да продолжиме. Прашањето е колку вредиме и колку можеме тоа да го направиме. Тоа не е репрезентација за потценување, имаат врвни ракометарки кои сигурно нема да ни дозволат да играме како што ние сакаме. Мораме многу да промениме во пристапот на игра, во тоа како да се направи шанса, да се даде гол, да се одигра во одбрана. Разочаран сум од високиот пораз и од пристапот на некои ракометарки во играта. Потфрливме во сите елементи на ракоментната игра. Се надевам ќе собереме сили и ќе одиграме подобро со Романија и ги израдуваме навивачите, -истакна Савевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни