Поврзете се со нас

Репрезентација

Савевски го објави списокот за двомечот со Србија (ФОТО)

Објавено

на

Предводникот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на ракометарки за кои ќе смета за двомечот против Србија во рамките на престојната ЕХФ недела.

Од 22-30 е ЕХФ неделата, простор кој нашиот национален состав ќе го искористи за да одигра две средби против Србија во Стара Пазова. Истите ќе се одиграат на 27 и 29 ноември, а за истите Савевски смета на 19 играчи, плус има уште девет резерви.

Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 22.11.2021 (понеделник) во 12:00 часот во Хотел Александар Палас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни