Поврзете се со нас

Репрезентација

Савевски доби двегодишен договор како селектор и координатор на сите женски репрезентации

Објавено

на

Љубомир Савевски во иднина ќе биде селектор и координатор на женските ракометни репрезентации во сите конкуренции, одлучил Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.

Савевски досега ја имаше улогата на координатор на младинските селекции, а постигна одличен успех водејќи ја У-17 репрезентацијата, која го освои првото место на турнирот во Клаипеда, Литванија.

РФМ реши да му додели двегодишен договор на Савевски, па во овој период тој ќе биде одговорен и за сениорската репрезентација.

– Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција.

– Г-динот Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во време период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата U-17 кое се одржуваше во Литванија,освојувајќи го првото место. Г-динот Љубомир Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е именуван ќе ја извршува за период од две години, – стои во соопштението на РФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни