Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт: Заслужено сме во финалето, сега доаѓа најдоброто

Објавено

на

Англија со гол во самата завршница ја совлада Англија и обезбеди место во големото финале на 17. Европско првенство кое се одржува во Германија.

Херој беше напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс кој одлично се снајде и биеше неодбранливо за голема радост и место во последниот меч на турнирот каде за ривал ќе ја имаат селекцијата на Шпанија.

-Мислам дека заслужено сме во финалето. Еднаш се спасија на гол-линијата, вториот пат ја погодивме рамката од голот. Се на се, бевме подобри. Игравме добро во текот на целиот натпревар, иако на моменти беше комплицирано. Сега доаѓа најдоброто,-истакна селекторот Герет Саутгејт кој доби честитки за направените замени.

-Понекогаш тоа може да функционира на тој начин. Најважно е секој од играчите да може да влезе во игра и да му помогне на тимот. И двајцата имаа одличен став. Многу сум среќен за Оли. Хари доби удар во првото полувреме и Оли одлично се снајде, -рече Саутгејт кој имаше што да каже и за навивачите.

-Ако ги погледнете бројките, како да сме играле на гости, но врз основа на поддршката и вревата што ја направија нашите навивачи, не можете тоа да го забележите, -заклучи предводникот на „гордиот албион“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни