Поврзете се со нас

Светски првенства

Саутгејт за разочарувачката Англија: Не знам што точно се случи, но не очекував вакво издание

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација не успеа да ја победи Унгарија, па и натаму нема обезбедено сигурен пласман на Светското првенство во Катар.

Селекторот Герет Саутгејт не го крие разочарувањето од изданието на неговиот национален тим, потенцирајќи дека дополнително ќе прави анализа.

– Ова беше разочарувачки настап, честитки до противникот кој успеа да ни создаде многу проблеми.

– Тешко е да се каже што се лошо направивме, мислам дека во прв план се индивидуалните грешки во нападот, загубивме многу топки.

– Мора да прифатиме дека овој настап беше под нашето ниво, изненаден сум бидејќи не можевме да најдеме начин да го направиме тоа што треба, – изјавил Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни