Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт сепак си пронајде мотив за победа на гостувањето во Скопје

Објавено

на

Foto:instagram.com/england/?hl=en

Англиската експедиција доцна вчера пристигна во Скопје и според програмираниот план не одработи тренинг на националната арена, но сепак Герет Саутгејт го одработи традиционалниот прес.

Големиот фаворит прстигна во македонската престолнина без никаков притисок и со обезбеден пласман на Европското првенство уште пред неколку кола, па иако многумина велеа дека Англија доаѓа без цел на „Тодор Проески“, селекторот сепак си пронајде мотив за победа и три бода.

– Македонија ќе игра на овој меч за гордост после тоа што се случи во Манчестер. Очекувам полн стадион и максимално залагање од нивна страна, но истото ќе важи и за нас.

– Ова е последен меч за 2023-та година, а потоа не чека само уште една подготовка за Европското првенство. На овие натпревари ќе го градиме тимот за континенталниот собир.

– Исто така, наша цел е да дојдеме до првото место на ФИФА листата, во моментов сме трети и не смееме да пропуштаме вакви шанси како оваа во Македонија. Ако сакаме да бидеме топ селекција, тогаш мора да покажуваме врвни перформанси на секој меч. Нема простор за незаинтересираност и лежерност, мора да одиме само напред и да го подобриме изданието кое го имавме против Малта пред неколку дена, – изјави селекторот на Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни