Европски првенства
Саутгејт: Сакавме да постигнеме повеќе голови, но Македонија…

Герет Саутгејт на официјалниот прес по мечот со Македонија посочи дека првиот старт на Мегваер повеќе личел на пенал откако оној кој беше досуден во продолжение по движењето со рака на Рико Луис, па иако цела јавност на Островот е разочарана од изданието на „гордиот албион“, селекторот пронајде доста позитивни нешта.
Англија го заврши квалификацискиот циклус со доста неубедливи изданија против Малта и Македонија, а Саутгејт вели дека улога во тоа игра и менталитетот на фудбалерите кои според него не „гризале“ како што тоа го правеа во периодот кога бркаа пласман на Европското првенство.
– Најважните резултати ги остваривме во март кога ги победивме Италија и Украина, па веќе бевме свесни дека овие два завршни меча ќе бидат целосно поинакви тестови.
– Бидејќи веќе бевме квалификувани, менталитетот на играчите беше навистина задоволувачки и квалитетот со игра на топка беше навистина добар. Ни недостасуваше тој завршен пас, ни беше тешко да играме на овој тврд терен. Како и да е, собрав многу позитивни работи од последните два меча за оваа година.
– Секако дека сакавме да постигнеме повеќе голови, но Македонија е навистина добра кога игра дома. Одиграа нерешено со Италија и ви го отежнуваат животот кога играат тука, – изјави Саутгејт.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 19 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Италијапред 5 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)