Репрезентација
Саутгејт предупредува за Македонија: Верувале или не…

Герет Саутгејт направил големо изненадување и се појавил како специјален гости во „Лаунсвуд“ училиштето во Лидс, каде одржал и мало предавање пред присутните ученици, но и новинари.
Англиската јавност сподели дел од обраќањето кое го имал селекторот на фудбалската репрезентација, кој издвоил неколку реченици и за следниот предизвик на домашен терен во месец јуни.
Англија ќе ја пречека Македонија на „Вембли“ и ќе влезе како апсолутен фаворит во таа пресметка, но Саутгејт предупредува дека нема простор за опуштање и потсети на еден интересен податок.
– Верувале или не, Англија никогаш ја нема победено Македонија на домашен терен. Исто така, Македонија ја исфрли Италија во баражот за Светското првенство и нема простор за опуштање.
– Мора да пристапиме со вистински менталитет и да играме на највисоко ниво против нив. Истото важи и за Малта, – изјавил Саутгејт, потсетувајќи на двете реми средби кои ги има забележано Македонија на гостувањата во Англија (2:2 и 0:0).
Квалификацискиот натпревар меѓу Англија и Македонија се игра на 19-ти јуни на „Вембли“.
-
Германијапред 23 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 22 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Шпанијапред 7 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 22 часа
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Македонијапред 22 часа
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка
-
Италијапред 6 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито