Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт пред дуелите со Малта и Македонија: Загубивме повеќе играчи од вообичаеното

Објавено

на

foto: https://twitter.com/England

Англија ќе биде фаворит на дуелите со Малта и Македонија, но селекторот Герет Саутгејт вели дека не очекувал да остане без толку важни фудбалери за овој мини квалификациски циклус.

Англичаните треба да го потврдат првото место во групата, а откако денеска ја пречекуваат Малта, по три дена гостуваат во Скопје.

– Можно е да играме со два различни состава на следните две средби, но однапред не можеме да знаеме што ќе се случува.

– За жал, овојпат загубивме повеќе фудбалери од вообичаеното и очекуваното, а меѓу нив има и неколку со посериозни повреди. Другите репрезентативци тоа треба да го искористат како можност да се докажат, – рекол Саутгејт.

Новинарите уште еднаш го прашале за одлуката да не го повика Рахим Стерлинг, а тој имал порака за членот на Челси.

– Како фудбалер очекувано е да не се согласуваш со одлуката на селекторот да не те повика во националниот тим. Сепак, добро е да ја почитуваш таа одлука за да работиш на некои свои квалитети, – истакнал англискиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни