Саутгејт посочи што пресудило во полуфиналето: Можевме да ја дотолчиме Хрватска, но….

sautgejt-igraci

Герет Саутгејт имаше само пофални зборови за своите игарчи и покрај болната елиминација од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство, посочувајќи дека овој млад тим на Англија има уште многу што да понуди на наредните големи натпеварувања.

Англискиот селектор смета дека на неговиот тим му недостасувал само втор гол за да ја дотолчи Хрватска, односно искуство бидејќи најголем дел од играчите на Англија се многу млади и во своите нозе немаат натпревари од најголема сцена како што е случајот со Модриќ и Ракитиќ.

– Хрватска играше добро во втоиот дел, а ние ја загубивме контролата над топката која ја имавме во првиот дел. Кога сте во предност на еден вака голем натпревар, никогаш не знаете како ќе реагираат младите играчи бидејќи никогаш претходно не биле дел од вакво сценарио. Знаевме дека го имаме најнеискусниот состав на турнирот, но јас сум горд на сите момци. Лука Модриќ и Иван Ракитиќ имаат многу вакви натпревари, нашите момци не. Тоа ја направи разликата денеска, ние ги имавме своите шанси во првото полувреме при 1:0 и не ги дотолчивме. Тешко е да се прифати цело ова, но мора да им се честита на Хрватите, заслужуваат комплименти, – порача Саутгејт.

Facebook Коментари