Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт планирал да го извади Белингам од игра: Знаеме за што е способен……

Објавено

на

Foto:x.com/England

Герет Саутгејт беше на работ од бездната и со една нога беше надвор од четвртфиналето на Европското првенство, но таа ситуација драматично се промени поради херојскиот чин на Џуд Белингам.

Играчот на Реал постигна сензационален гол со ножички во 95-та минута и спречи фудаблски срам за Англија, а потоа фаворитот постигна гол преку Кејн во дополнителните 30 минути игра и се пласираше меѓу осумте најдобри.

Англија се уште е жива и може да се надева на пехарот, но реално се можеше да биде поинаку доколку Белингам немаше неверојатен момент на инспирација во 95-та минута.

За да биде уште поинтересно, Герет Саутгејт призна дека размислувал да го извади Џуд на 15 минути пред крајот, но решил да го остави во игра бидејќи е фудбалер кој менува се со еден потег.

– На 15 минути пре крајот, се прашувавме дали има доволно свежина……. Сепак, тој и Хари Кејн се играчи кои решаваат се со еден потег и затоа не се прават измени само за да се исполнат желбите на фановите.

– Се мислевме дали да го извадиме, но сите знаеме за што е способен во клучни моменти. Продолживме да веруваме и покај тоа што бевме под огромен притисок, на крајот постигнавме гол на старовремски начин со уфрлање од аут, – изјави Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни