Англија
Саутгејт открил дека израснал како фан за еден англиски великан
Герет Саутгејт не успеа да ја помине последната пречка на последното Европско првенство и неговата Англија доживеа уште еден пораз во големото финале, а само неколку дена по поразот од Шпанија во Берлин ја напушти престижната функција.
Во најновото гостување во англиските медиуми, поранешниот англиски селектор открил кога ја донел одлуката за напуштање на националниот тим, како и за тимот чиј фан бил во своето детство.
– Одлуката ја донесов уште пред финалето, бидејќи ми беше јасно дека е потребна промена за двете страни. Секогаш има жалење за одредени работи, но истовремено креиравме и убави спомени, – рекол Саутгејт.
Тој во кариерата настапуваше за Кристал Палас, Астон Вила и Мидлзброу, а беше поврзуван со преземање на менаџерската функција во Манчестер Јунајтед.
– Кога бев млад се преселивме во Ланкашир и тогаш почнав да навивам за Јунајтед, бидејќи важеше за локален тим, – открил Саутгејт.
-
Репрезентација16 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП21 час
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства14 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
Светски првенства15 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства18 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
Италија22 часа
Наполи го убедува Јунајтед за трансфер на Гарначо со привлечна „клаузула“
-
АТП16 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..