Поврзете се со нас

Светски првенства

Саутгејт откри во каква состојба се Кејн и Мегваер пред дуелот со САД

Објавено

на

Англија славеше убедливо против Иран на првиот настап на СП во Катар, но селекторот Герет Саутгејт беше загрижен поради одредени проблеми на фудбалерите.

Голгетерот Хари Кејн се пожалил на болка во зглобот на ногата и беше повлечен од игра во вториот дел, а незгоден дуел имал и Хари Мегваер кој беше стартер во одбраната.

Саутегејт денеска соопшти добри вести, потенцирајќи дека и двајцата ќе бидат во комбинација за дуелот со САД.

– Кејн работеше индивидиуално, но ќе биде подготвен за петок. Направена беше и снимка за да се увериме дека нема никакви ризици.

– Се чувствуваше лошо и тоа му пречеше и на видливоста. Претпоставката беше дека заработил удар во главата, но ја прегледавме детално снимката и нема таков момент на натпреварот. Мислам дека нема да има проблеми деновиве, – изјавил Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни