Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт остана без уште еден фудбалер за гостувањето во Скопје

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Герет Саутгејт остана без Рис Џејмс за дуелите со Малта и Македонија поради тоа што капитенот на Челси самиот се прецртал за овој квалификациски прозорец, но истиот ќе го пропушти и разиграниот фудбалер на Тотенхем.

Џејмс Мадисон е едно од најдобрите летни засилувања во англиската елита и експресно имаше големо влијание во Тотенхем, но сега поради здобиена повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти последниот репрезентативен собир за 2023-та година.

Иако Саутгејт вчера даде оптимистички прогнози за повредата на Мадисон и најави дека очекува да биде оспособен за настап, клубот денеска соопшти дека тој ќе мора да паузира поради санирање на повредата која ја заработи на лудото дерби со Челси кое се играше во понеделникот.

– Можеме да потврдиме дека Џејмс Мадисон е повлечен од англискиот тим поради повреда на скочниот зглоб.

– Офанзивниот фудбалер нема да биде дел од натпреварите против Малта и Македонија и ќе остане во Тотенхем за да ја одработи рехабилитацијата со нашиот медицински тим, – гласи објавата на „петлите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни