Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт направи нешто што ретко се случува, но ја брани својата одлука

Објавено

на

Англија вчера испушти победа против Полска, примајќи гол во 92. минута од средбата, па фановите дел од вината префрлија на Герет Саутгејт.

Англискиот селектор реши да не направи ниту една замена во текот на целиот натпревар, што е навистина реткост во модерниот фудбал, а навивачите сметаат дека недостигот на свежина им се одмаздил на неговите фудбалери кои дозволија израмнување во завршницата.

Од друга страна, полскиот селектор Пауло Соуса направи пет замени, а еден од резервистите, Дамијан Шимански го постигна голот за израмнување на асистенција на Роберт Левандовски.

– Игравме доста комфорно и ја контролиравме играта, па евентуалните замени можеа да го нарушат ритамот кој го наметнавме, – објаснил Саутгејт по натпреварот.

На клупата останаа фудбалери како Александер-Арнолд, Хендерсон, Белингам, Сака, Трипие…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни