Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт направи една измена и му дава голема шанса на фудбалскиот бисер од „Олд Трафорд“ (Фото)

Објавено

на

Герет Саутгејт доби безброј предлози изминативе неколку дена за стартната постава на осминафиналниот меч против Словачка, па иако во игра беа повеќе фудбалери кои можат да добијат шанса во стартниот тим, селекторот се одлучи само за една промена.

Саутгејт реши да му даде шанса на фудбалскиот бисер на Манчестер Јунајтед од првата минута во осминафиналето, па така Коби Маино ја добива првата голема прилика на Европското првенство.

Младиот играч за врска добива шанса во стартните 11 на местото на Конор Галагер, кој всушност беше изваеден од игра на полувреме од мечот со Словенија.

Останатите 10 играчи се истите оние кои играа пред неколку дена, па така во првиот тим на Англија се најдоа Пикфорд, Вокер, Стоунс, Гуехи, Трипие, Рајс, Белингам, Сака, Фоден и Кејн.

Ова значи дека Кол Палмер повторно останува на клупата за резерви, иако беше еден од најактивните и најдобрите на теренот на  последниот меч од групната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни