Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт најави дека ќе преземе радикален чекор ако Англија не го освои ЕП

Објавено

на

Герет Саутгејт доби доста критики за фудбалерите кои ги изостави од конечниот список за Европското првенство, па со самото тоа дополнително го зголеми притисокот околу својата работа.

Саутгејт веќе осум години е англиски селектор и сите очајнички чекаат еден голем успех на тимот, а доколку истиот не дојде во Германија, Герет е свесен дека неговата авантура како лидер на тимот ќе дојде до својот крај.

– Ако не победиме во Германија, најверојатно веќе нема да бидам англиски селектор. Ова повеќе од веројатно е мојата последна шанса за голем трофеј како селектор.

– После едно Европско првенство, половина од тренерите остануваат без работа, таква е природата на нашата работа. Тука сум веќе осум години и бевме блиску во неколку наврати.

– Знам дека не можам да продолжам и постојано да велам „дајте ни уште една шанса“! Луѓето во еден момент ќе го загубат трпението и ќе ја загубат вербата во пораката која ја испраќате. Ако сакаме да бидеме голем тим, мора да бидеме успешни во најважните моменти, – изјави Саутгејт во интервјуто за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни