Англија
Саутгејт најави дека ќе игра со најсилен состав против Македонија: Ова е Англија, нема да испратиме погрешна порака

Англиската фудбалска репрезентација стартуваше со „два од два“ на квалификациите за Европското првенство и сега многу помирно ќе го дочека месец мај, кога ќе продолжат возбудувањата во овој циклус кој е најава за континенталниот турнир во 2024-та година.
Тимот на Герет Саутгејт покажа навистиан две сериозни лица против Италија и Украина и оствари две победи, но англиските новинари го прашаа селекторот дали ќе експериментира во месец јуни, односно дали ќе го одмора најголемите ѕвезди и ќе повика други фудбалери за натпреварите со Малта и Македонија.
Англиските новинари сметаат дека дел од најважните репрезентативци заслужуваат пауза после напорната сезона која ќе трае до почетокот на месец јуни, но тоа мислење не го дели и Саутгејт кој најави дека ќе пристапи против Македонија со најсилен состав.
– Ние ја претставуваме Англија и ќе играат најдобрите. Секој повик мора да биде заслужен, ништо не е подарено. Хари Кејн не сака да пропушти ниту еден меч за Англија, бидете уверени во тоа. Играчите се физички и психолошки подготвени кога доаѓаат да играат за репрезентацијата.
– Ако не повикаме и одмориме одредени фудбалери за тие два меча, ќе испратиме погрешна порака до цела група. Ништо не може да се предвиди во фудбалот, изминатава недела загубивме двајца играчи и затоа сите најдобри мора да бидат тука, – изјави Саутгејт.
Англија игра против Малта на 16-ти јуни, а три дена подоцна ќе ја пречека Македонија на „Вембли“.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 4 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки