Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт на мака откако англиските екипи остваруваат финалиња во Европа

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт не е најзадоволен што оваа сезона веројатно ќе гледаме најмалку три екипи во финалињата на двете европски натпреварувања.

Вчера Челси си го букираше патот за Истанбул каде во финалето од Лигата на шампионите ќе игра против тимот на Манчестер Сити, додека Манчестер Јунајтед е веќе виден финалист во Лига Европа.

Вечерва ќе падне одговор на прашањето дали оваа сезона ќе видиме тотална доминација на европските клубови во Европа затоа што и Арсенал има можност да се пласира во финалето на ЛЕ доколку ја анулира негативата од првиот натпревар со Вилјареал.

Саутгејт би можел да остане без најмалку 12 репрезентативци на Англија за почетокот на подготовките пред Европското  првенство кој е закажан за 2 јуни.

Финалето од Лигата на шампионите е на 29 мај, додека од Лига Европа е три дена порано, па Саутгејт ќе биде приморан да им дава одмор на фудбалерите кои ќе учествуваат на овие натпревари.

Веќе е јасно дека Мејсон Маунт, Бен Чилвел, Рис Џејмс, Фил Фоден, Кајл Вокер, Џон Стоунс, па и фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, Лук Шо, Маркус Рашфорд и Дин Хендерсон ќе го пропуштат првиот пријателски натпревар против Австрија кој е закажан за 2 јуни на „Риверсајд“.

Доколку Арсенал обезбеди пласман во финалето, од почетокот на репрезентативните подготовки ќе отсуствува и Букајо Сака кој е единствен кој има сигурно место во репрезентацијата на Англија од таборот на „топчиите“.

Инаку почетокот на европшампионатот за „Гордиот Албион“ е на 13 јуни кога ќе се соочат со селекцијата на Хрватска, точно на двенедели по финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни