Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт ја прецрта англиската ѕвезда која разочара во вториот дел од сезоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Џејмс Мадисон беше вклучен во поширокиот список на Герет Саутгејт кој броеше 33 фудбалери, но како што се ближи последниот датум за објавување на конечната листа, така англискиот селектор има се појасни идеи за тоа кои играчи ќе отпаднат.

Еден од седуммината и дефинитивно е ѕвездата на Тотенхем, која според најугледните англиски медиуми уште вчеравечер го напуштил репрезентативниот камп и е испратеен на предвремен одмор.

Мадисон имаше извонредно отворање на сезоната во Тотенхем и за многумина беше најдобро летно засилување, но повредите сепак го забавија неговиот раст и Мадисон разочара со партиите во вториот дел од сезоната.

Лошата форма очигледно го натера Саутгет да го прецрта Мадисон од конечниот список за Европско првенство, а тоа го прави и покрај тоа што му даде шанса на натпреварот против Босна кој се играше во понеделникот.

Саутгејт конечниот список за турнирот во Германија ќе го објави во сабота, по што од списокот ќе отпаднат уште шест фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни