Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт го погоди „џокерот“, Англија ќе ја предизвика Шпанија во големото финале (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Англиската фудбалска репрезентација доби безброј критики за неинвентивната и бавна игра на ова Европско првенство, но по шест одиграни меча на турнирот, тимот на Герет Саутгејт обезбеди место во големото финале.

Селекторот на „Гордиот Албион“ остана верен на своите замисли и повторно се одлучи за истите 11 кои беа доведени во прашање од јавноста, но на крајот се покажа дека неговата идеја е добитна, без оглед на фактото што како клучен се покажа „џокер“ од клупата.

Англија имаше негатива на трет меч во низа во нокаут фазата, но слично како против Словачка и Швајцарија, успеа да се врати во игра, а потоа и да победи во самата завршница.

Холандија денеска поведе со фантастичниот гол на Чави Симонс и заслужено го направи тоа поради добриот старт на мечот, меѓутоа тоа беше и знак за будење на Англичаните.

Избраниците на Саутгејт брзо се изборија за пенал и Хари Кејн не погреши од белата точка, а овој дел од натпреварот беше навистина интересен и донесе атрактивен фудбал на двете страни.

На полувреме се замина со резултат 1:1 и Куман веднаш реши да менува со Вегхорст во нападот, но на крајот како вистинска се погооди измената на Саутгејт во 81-та минута.

Вадењето од игра на Хари Кејн на прв поглед изгледаше многу ризично, но Оли Воткинс влезе во игра и во 90-та минута погоди за 2:1 и победа на Англија во второто полуфинале.

„Гордиот Албион“ вторпат во низа ќе игра финале на Европско првенство, а сега за ривал ќе го има разиграниот шпански тим кој прикажа најдобар фудбал на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни