Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт го објави составот на Англија за гостувањето во Скопје

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/England

Англиската фудбалска репрезентација ќе располага со најсилен состав и за последните квалификациски натпревари, вклучувајќи го гостувањето во Скопје, на 20. ноември.

Селекторот Герет Саутгејт денеска го објави списокот, а на него се голем број премиерлигашки ѕвезди и неколку исклучително квалитетни интернационалци како Џуд Белингам и Хари Кејн.

Џон Стоунс и Еди Нкетија се повредени, а Џејмс Мадисон и Букајо Сака се на списокот, но се неизвесни бидејќи имаат проблеми со повреди.

И овојпат, Саутгејт не го повика Рахим Стерлинг од Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни