Саутгејт донесе неколку тешки одлуки за СП во Русија, Англија ќе го има најнеискусниот состав во последните 56 години (Фото)

geret-sautgejt

Англискиот селектор Герет Саутгејт ова попладне го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета на претстојоното Светско првенство кое ќе се одигра во Русија, а мора да се напомене дека предводникот на „трите лава“ мораше да донесе неколку тешки одлуки.

Уште од вчера познато беше дека во тимот нема да се најде Џек Вилшер, но ова попладне официјално стана дека на фудбалерот на Арсенал му се придружуваат и Џо Харт и Адам Лалана кои претходно беа стандардни во англиската фудаблска репрезентација. Воглавно, Саутгејт се потпре на проверени сили и играчи кои брилјираа оваа сезона во Премиер лигата, а она што најмногу се разликува во однос на претходните списоци на Англија е тоа што овој е најмладиот ростер на играчи кој е селектиран во последните 56 години.

Англија последен пат помлад состав имала само на Светското првенство во Чиле во 1962 година, а со овој потег, Саутгејт само го оствари тоа што го најави, а тоа е подмладување на ростерот на фудбалската селекција.

Facebook Коментари