Поврзете се со нас

Европски првенства

Саутгејт: Добивме тешка група, но сме навикнати на тоа

Објавено

на

Денеска беше одржана ждрепката за квалификациите за Европското првенство, а најинтересно за нас беше каде ќе се најде Македонија која на крајот доби пеколна група во која освен фаворизираните Англија и Италија се уште Украина и Малта.

Ќе биде многу тешко за избраниците на Милевски да направат добар резултат во оваа конкуренција, но и противниците не се баш задоволни и најдобар доказ за тоа се реакциите на Роберто Манчини, но и на англискиот селектор Герет Саутгејт кој порача:

Манчини со прва реакција откако дозна дека е во иста група со Македонија

-Ова е тешка ждрепка со оглед на квалитетот на противниците. Ама мора да кажам дека Полска и Унгарија во последната квалификациска група [за Светското првенство] беа исто така особено тешки. Ние сме навикнати на тоа. Ждрепките се такви какви што се, се работи за тоа каков ќе бидеш на денот на натпреварот, -истакна предводникот на „гордиот албион“.

Милевски за пеколно тешката група која ја доби Македонија: Таква ни е среќата……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни