Поврзете се со нас

Свет

Саутгејт: Беше вистинско време за промена

Објавено

на

Герет Саутгејт одлучи да ја заврши приказната како селектор на англиската фудбалска репрезентација и тоа по Европското првенство во Германија.

Англија и на овој шампионат стигна до големото финале во кое доживеа пораз од убедливо најдобрата селекција на турнирот Шпанија со 2-1.

По ова Саутгејт реши да си замине од функцијата, поточно стави крај на соработката која траеше осум години.

-Беше вистинско време за промена. Сега ја гледате надежта што може да ја донесе промената. Задоволен сум од тоа. Осум години се многу време и се радувам на различни предизвици. Тоа беше неверојатно осумгодишно патување.

-Беше привилегија да се работи со брилијантни играчи. Го посакував тој последен дел, постигнавме толку многу и ќе беше совршено да победиме во финалето. Сигурен сум дека тимот ќе биде успешен, -вели Герет и додава:

-Имам многу можности. Јас сум со отворен ум за тоа што е следно, во или надвор од фудбалот. Ќе одморам малку па ќе видиме. Не сум разговарал со клубови од Премиер лигата. Луѓето знаат дека треба да ја вратам силата и да уживам во животот. Нема да брзам, морам да донесам добри одлуки.

-Уживам во многу искуства и има добротворни организации што би сакал да ги поддржам, а кои ми се важни. Има можности надвор од фудбалот за кои сум исто така заинтересиран, -порача доскорешниот предводник на „гордиот албион“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни