Поврзете се со нас

Англија

Саул откри каква порака добил од Тухел по кошмарното деби во Премиер лигата

Објавено

на

Саул Нигез го комплетираше трансферот во Челси во последните минути од летниот преоден рок и доби шанса за настап по само неколку одработени тренинзи во новата средина, но дебито на Шпанецот во Премиер лигата беше во најмала рака кошмарно и тој беше повлечен од игра по првото полувреме.

Томас Тухел ја презема одговорноста и нагласи дека тој е виновен поради фактот што го фрлил играчот во оган по толку кратко време минато во Англија, па откако одигра 45 минути против Астон Вила, доскорашниот играч на Атлетико Мадрид остана на клупата на натпреварите против Зенит и Тотенхем.

Нигез ќе мора напорно да работи и да почека на нова шанса од германскиот стручњак, за кој самиот фудбалер открива дека постапил фантастично по ужасниот старт на премиерлигашката авантура.

– Англискиот јазик на Тухел лесно се разбира. Не зборувам добро англиски, но разбирам што се кажува. Тухел зборува бавно и одлично и имавме средба по мечот. Се разбравме одлично по средбата со Астон Вила. Му се заблагодарив што ми укажа шанса после само еден вистински тренинг, покажа дека има голема верба во мене.

– Инсистираше да има разговор со мене по мечот и ми кажа да останам мирен, дека ќе мора да се адаптирам на новата средина, на сите нови околности. Ми порача дека ме ставил во стартните 11 против Астон Вила бидејќи сум тренирал многу добро. Имав само еден тренинг како што треба и беше навистина тешко за мене. Нов јазик, нов стадион, се беше ново за мене. Сите видоа што се случи. Бев изгубен на теренот и не знаев каде се наоѓам. Беше тешко, но начинот на кој Тухел ми пристапи по мечот, многу ми помогна и направи да се чувстувам подобро. Ми се обрати и Петр Чех, ми порача дека ќе ми биде потребно време да се адаптирам. Добив поддршка и од Тиаго Силва, ми нагласи дека и тој имал слично искуство на дебито во Премиер лигата, – вели Саул во разговорот со новинарот Фабрицио Романо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни