Поврзете се со нас

Шпанија

Саул излезе со објаснување откако ги „изработи“ медиумите: Не се надевав дека некој ќе помисли на тоа

Објавено

на

Саул Нигез вчера го соопшти името на својот „нов клуб“ и ја разреши мистеријата која тој самостојно ја создаде во неделата, ден кога ѕвездата на Атлетико Мадрид буквално ја запали светската спортска јавност со објвата на социјалните мрежи.

Заменик капитенот на Атлетико Мадрид најави „соопштување на нов клуб за три дена“, порака која секако беше двосмислена, но која многумина ја сфатија како можно бомбастично заминување од шпанската престолнина. Тоа беше така поради силниот интерес кој го пројавуваат англиските клубови за неговите услуги, но вчера напладне, шпанскиот играч за врска откри дека не станува збор за такво нешто.

Нигез всушност најави интересен проект со отворање на фудаблска школа во родниот град Елче, па неговата најава од пред три дена се претвори во совршен маркетиншки трик за идејата која ја дели со неговиот брат.

– Нависитна не го очекував ова, не очекував да има толкаво исчекување. Кога напишав „новиот клуб“, го направив тоа зошто правиме нешто ново во Елче. Клубот се вика Клуб Костса Сити, станува збор за фудбалска академија во која главната база ќе биде сочинета од преку 500 млади деца кои сакаат да играта фудбал. Ќе се разликуваме од другите по тоа што ќе ги едуцираме во академијата и ќе има комплетна интеграција. Сакаме да ги формираме и како личности, – појаснува Саул за „АС“.

– Малку сум оддалечен од социјалните мрежи, но мојот менаџер ми кажа дека луѓето го сфатиле и на погрешен начин. Никогаш не помислив дека некој ќе се понадева на мое заминување од Атлетико, – додаде Саул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни