Поврзете се со нас

Англија

Саул издвои двајца играчи кои го импресионирале во Челси

Објавено

на

Повремениот шпански репрезентативец, Саул Нигез во самиот финиш на летниот преоден рок од Атлетико Мадрид премина во Челси каде се очекува многу во престојнава сезона.

Секако дека на Нигез ќе му биде потребно време да се адаптира на новата средина, Премиер лигата и секако сите останати задача, предизвици кои ќе ги има со „сините“. Тој полека се приспособува, навикнува и на новите соиграчи од кои двајца навистина го изненадиле, импресионирале-тоа се Ромелу Лукаку и Тијаго Силва.

-Знам многу играчи, плус многу ги следев Премиер лигата и Челsи. Ги познавам повеќето играчи, но ако треба да кажам име, би кажал Лукаку затоа што не сум ја следел многу Серија А. Никогаш не сум играл против него. Против неговиот брат да, во академијата. Можеби играв против него како дете во националниот тим, но не се сеќавам.

-Тој и неговиот брат се големи и многу силни. Но мислам дека оваа година во Серија А играше на одлично ниво. Исто бев изненаден од Тијаго Силва. Со 36 години, нивото што го има, секој ден е професионалец во теретаната.

-Работи за да не се повреди, секогаш е фокусиран, тактички е многу интелигентен и одлично го разбира фудбалот. Ве води во натпреварот. Тој многу добро го разбира фудбалот и ме изненади поради многу добри причини, -вели Саул во разговорот со Фабрицио Романо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни