Поврзете се со нас

Шпанија

Саул херој за Симеоне, Атлетико се врати во топ четири (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Саул Нигез беше единствениот играч на Атлетико Мадрид кој не се радуваше целосно на пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а причина за тоа беше лошата форма која ја презентира подолго време.

Офанзивниот фудбалер им се извини на навивачите на Атлетико за нивото кое го прикажува и вети дека напорно ќе работи за да се врати во препознатливо светло, па затоа вечерва доби награда за вложениот труд.

Атлетико играше многу важен меч во битката за топ четири пласман во домашното првенство, особено откако Атлетик Билбао вчера загуби на гостувањето кај Реал со 2:0.

„Душекџиите“ имаа тешко гостување на „Керамика“ стадионот и успеаја да слават со 1:2, а човек на одлука беше токму Саул кој погоди за победа непосредно по влегувањето во игра.

Саул мајсторски ја пласираше топката во мрежата на „жолтата подморница“ по додавањето од Аспиликуета и го постави конечниот резултат, со кој Атлетико го престигна Атлетик и сега има два бода повеќе како четвртопласиран.

Пред голот на Саул, Атлетико дојде во водство со голот на Витсел, а Сорлот беше стрелец на погодокот кој го постигнаа домаќините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни