Саул го „дупна“ Донарума од 30 метри и ја одведе Шпанија во големото финале (Видео)

saul-italy

Саул Нигез дефинитивно ќе биде херојот за пласманот во финалето на Европското првенство до кое Шпанците се многу блиску, откако фудбалерот на Атлетико Мадрид постигна три гола во второто полувреме од полуфиналето со Италија.

Нигез најпрво погоди за 1:0 во 53-та минута, Италија се врати во игра со играч помалку во 62-та, но клучниот момент најверојатно следуваше три минути подоцна кога играчот за врска погоди од 30 метри. Саул со фасцинантна „бомба“ од 30 метри буквално го проби Џиџи Донарума, а со самото тоа го најави пласманот на Шпанија во финалето до кое сега и официјално дојде „фуријата“ откако истиот играч погоди за 3:1 во 74-та минута по додавањето од Асенсио.

Противник на Шпанија во финалето ќе биде Германија која претходно по пенали беше подобра од Англија.

Facebook Коментари