Саул даваше голови, Себалјос правеше магии: Слаломот на Дани кој ја одушеви цела Европа (Видео)

sebaljos

Саул Нигез беше задолжен за постигнување на сите три гола на шпанската фудбалска репрезентација во полуфиналето со Италија на Европското првенство во Полска, но ако имаше уште еден супер расположен фудбалер покрај членот на Атлетико Мадрид, тоа дефинитивно беше Дани Себалјос кој едноставно правеше чуда на средината на теренот.

Играчот за врска на Бетис го покажа својот огромен потенцијал и го привлече вниманието на себе со своето издание против Италијанците, кои мора да се признае дека уште долго ќе го паметат Себалјос за кого едноставно немаа решение. Дани со различни едноставни потези се ослободуваше од противничките фудбалери и ги правеше смешни во дадени ситуации, но најмногу од сите се издвојува моментото од второто полувреме кога ја нанижа цела одбрана на Италија.

Facebook Коментари