Поврзете се со нас

Свет

Саудијците тврдат: Роналдо прифатил да стави потпис на неверојатен договор со Ал Наср

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо си постави за цел да постигне 1000 голови во својата кариера, а за да има шанси да достигне такво нешто, ќе мора да игра фудбал уште најмалку една, или две сезони.

Португалската суперѕвезда се навикна на животот во Саудиска Арабија и значително ја поправи состојбата на својата банкарска сметка која и онака беше многу добра, но сумата која ја доби од Ал Наср е нешто кое не може да си го дозволи ниту еден европски клуб.

Роналдо доби 400 милиони евра за двете сезони во саудискиот клуб, а на шест месеци пред истекот на актуелниот договор, Саудијците тврдат дека Португалецот сепак ќе продолжи во арапската земја барем уште една година.

Медиумот „Ел Кабар“ ексклузивно информира дека Роналдо си подал рака со водечките луѓе на Ал Наср за уште едногодишна соработка, и тоа во неверојатни услови кои се слични на актуелните.

Кристијано според важечкиот договор добиваше 200 милиони евра по сезона, а за договорот до 2026-та година си загарантирал уште дополнителни 183 милиони евра. Делејќи ги овие бројки на месечно ниво, Роналдо за секои 30 дена ќе инкасира 15,25 милиони евра, а секој ден во Саудиска Арабија ќе го чини Ал Наср 550 илјади евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни