Поврзете се со нас

Италија

Саудијците испратиле примамлива понуда за најдобриот италијански судија

Објавено

на

Клубовите од Саудиска Арабија веќе намамија голем број фудбалски ѕвезди со финансиските услови на кои никој не може да парира, а сега професионалната лига сака да се засили и со квалитетни судии.

Иако веројатно ваква понуда е испратена на адресата на повеќе елитни европски судии, италијанските медиуми дознаа конкретно дека еден од тие кои сигурно ја добиле е Даниеле Орсато.

Со години наназад најдобриот италијански судија кој има судено и финале на Лигата на шампионите добил примамлива понуда за целосна преселба во азиската земја, со што би судел натпревари од тамошното првенство.

„Тутоспорт“ тврди дека Орсато би заработувал двојно повеќе доколку се пресели во Саудиска Арабија, а одлуката ќе треба да ја донесе по крајот на актуелната сезона.

Орсато е при крај на својата судиска кариера, па се претпоставува дека Саудијците може да го ангажираат за да биде прв човек на судиската асоцијација откако ќе се повлече од активното судење.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни