Поврзете се со нас

Англија

Сатон застана во одбрана на Халанд и индиректно го искритикува Арсенал за тактиката на „Итихад“

Објавено

на

Рој Кин испрати жестоки критики на сметка на Ерлинг Халанд по дербито меѓу Манчестер Сити и Арсенал, но Крис Сатон смета дека поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и нему сличните претерале со својата реакција.

Сатон истовремено постави прашање до фановите на Арсенал, алудирајќи на тоа дали начинот на кој играле „топчиите“ против Сити може да значи и збогување со титулата.

– Разбирам дел од критиките на фановите за Халанд, но не мислам дека е толку лош. Тој е доведен во Сити за да им создава проблеми на противничките стопери, додека останатите фудбалери имаат повеќе простор и создаваат шанси за него.

– Јасно е дека нема да го повтори нивото од минатата сезона, но тој се уште е неверојатен напаѓач. Мислам дека во неделата проблемот не беше Халанд, туку недостигот на корисни топки. Точно е дека промаши една шанса, но тоа беше единствената која ја имаше на натпреварот, – рекол Сатон.

Поранешниот напаѓач вели дека ремито на Арсенал може да биде пресудно за Микел Артета повторно да остане без посакуваниот трофеј.

– На почетокот на сезоната прогнозирав дека Сити ќе ја освои титулата, но сега не сум убеден во тоа. Ливерпул има три бода повеќе и Сити веќе нема простор за грешка, додека Арсенал одигра импресивно за да не загуби, но јас би ја гледал ситуацијата од поинаков агол. Дали фановите на Арсенал можеби помислуваат дека нивниот тим играл добро, но можеби би требало да биде похрабар? Дали ова реми ќе не чини титула бидејќи сега Ливерпул има предност? Ако ги погледнете противниците на Ливерпул, тимот на Клоп може да победи секого, а и добро се снаоѓа во ситуација кога очајно му е потребна победа, – вели Сатон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни