Англија
Сатон за киксот на Ливерпул: Заврши „медениот месец“ за Слот
Ливерпул не успеа да го пробие бедемот на Нотингем Форест на „Енфилд“ и на крајот доживеа пораз во вчерашниот премиерлигашки настап, создавајќи му ги првите главоболки на новиот менаџер Арне Слот.
„Црвените“ досега имаа перфектен скор и Слот заработуваше комплименти, но реткиот пораз на „Енфилд“ експресно ги менува работите.
– Ова е голем чекор назад.
– Секој пораз е проблем, но посебно разочарување е кога ќе загубите од екипа која вообичаено не може да обезбеди ни Топ 10 пласман во лигата, – рекол Слот.
Холандскиот стручњак добил „поздрав“ и од Крис Сатон, кој како стручен коментатор на „Би-Би-Си“ му испратил порака по натпреварот.
– Заврши медениот месец за Слот, сега го очекува многу работа. Менаџерот сигурно не ја посакуваше паузата за репрезентациите, неговиот тим имаше многу проблеми со Форест, – рекол Сатон.
Ливерпул веќе задутре ќе има нов тест, овојпат против Милан во Лигата на шампионите.
-
Евролига11 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Шпанија23 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Италија12 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Италија22 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Евролига22 часа
Шортс ја доби битката со Димитријевиќ, ама Олимпија Милано ја однесе победата (ВИДЕО)
-
АТП24 часа
Фриц: Чекам победа над Ѓоковиќ, се надевам…
-
Англија9 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП
-
Лига на нации12 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)