Поврзете се со нас

Англија

Сатон типува: Ливерпул ќе го сруши Арсенал на „Емирејтс“

Објавено

на

Најинтересниот меч од 9. коло во Премиер лигата се игра во недела (17:30 часот) на „Емирејтс“, дуел во кој ќе видиме две екипи кои целат кон титулата во шампионатот, Арсенал и Ливерпул.

„Црвените“ можеби се мало изненадување со оглед на освоените 21 од вкупно 24 бода, но Слот досега перфектно си ја заврши работата и ако се суди по ова прикажано е идеална замена за Клоп.

„Топчиите“ се трети со 17 поени и дефинитивно ќе бидат под притисок за добар резултат, победа затоа што со пораз уште во раната фаза ќе бидат на минус седум од Ливерпул што дефинитивно не е посакувано сценарио.

Крис Сатон како човек кој има настапувано во најсилниот англиски шампионат и своевремено беше најдобар стрелец во истото, очекува тврд натпревар во Лондон во кој ќе падне само еден гол и тоа во мрежата на домаќините. Ова се неговите типови за комплетното коло:

Астон Вила-Борнмут 2-1

Брентфорд-Ипсвич 2-0

Брајтон-Вулверхемптон 2-1

Манчестер Сити-Саутемптон 4-0

Евертон-Фулам 1-1

Челси-Њукасл 2-1

Кристал Палас-Тотенхем 1-2

Вест Хем-Манчестер Јунајтед 1-2 (прогноза на ќерката на Сатон)

Арсенал-Ливерпул 0-1

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни