Поврзете се со нас

Европски првенства

Сатон со прогноза за четвртфиналните средби на ЕП, најскромно ќе биде во Дизелдорф

Објавено

на

Денес и утре се играат четвртфиналните пресметки на Европското првенство во кои силите ќе ги одмерат Германија-Шпанија, Португалија-Франција, Англија-Швајцарија и Холандија-Турција.

Сите средби носат посебна убавина и сите неутрални фанови се надеваат на одлични фудбалски претстави, а секако и голови. Крис Сатон како поранешен англиски репрезентативец и колумнист на „Би-Би-Си“ редовно има можност да го даде своето мислење, но и прогноза, па така и овојпат тој со точен резултат ги истипува сите четири натпревари.

Тој очекува да има погодоци на сите соочувања, а најскромно да биде во Дизелдорф каде „војна“ ќе водат Англичаните и Швајцарците.

Типови на Сатон:

Шпанија-Германија 2-1

Португалија-Франција 0-2 (прогнозира и дека Роналдо ќе изведе седум слободни удари, ниту еден од нив нема да биде во целта)

Англија-Швајцарија 1-0

Холандија-Турција 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни