Англија
Сатон нема дилеми: Тој е најдобриот англиски играч во Премиер лигата
Некогашниот напаѓач на Челси и Астон Вила, Крис Сатон нема дилеми околу тоа кој е најдобриот англиски играч во Премиер лигата.
Премиер лигата е натпреварување во кое настапуваат најквалитетните англиски фудбалери, репрезентативци со исклучок на Хари Кејн и Џуд Белингам кои играат во Баерн Минхен и Реал Мадрид, па така според Сатон број еден е членот на Челси, Кол Палмер.
-Најквалитетниот англиски играч во ПЛ? Тоа не е тешко…Кол Палмер. Тој е толку, толку природен. Се чини дека тигра поинаква игра од повеќето играчи во Премиер лигата. Тој е три јарди поостар од сите други, размислува напред, брилијантно се носи со топката. И го видовме тој паненка пенал кој го реализираше против Тотенхем.
-Еднаш дадов паненка за Селтик кога водевме со 4-0 против Хиберниан. Но, тоа е сосема друга работа кога сте во тесен лондонски дерби натпревар. Знам дека водеа, ама пак… Постојат различни начини да се изведат пенали, но да се има таа доверба во изведувањето, таа храброст, тоа ви кажува каде е тој во овој момент.
-Мора да се вратите во Манчестер Сити и да му дозволите да замине. Гледате во Сити и мислите дека Пеп нема направено многу грешки, но изгледа дека и тој мора да мисли: „овој ми избега“. Палмер е брилијантен. Тој е најдобриот англиски играч во Премиер лигата и секако англискиот играч што најмногу уживам да го гледам, -истакна Крис кој во минатото беше стрелец број еден во најсилната англиска фудбалска конкуренција.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија24 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП19 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)