Поврзете се со нас

Свет

Сатон и Бојд сигурни во опстанокот на Данди Јунајтед: Бабунски и Трапановски се одлични засилувања

Објавено

на

Сезоната во Шкотската премиер лига веќе донесе четири интересни рунди, а за македонската јавност ова првенство е интересно поради настапот на неколку наши интернационалци.

Покрај Здравковски кој од минатата година настапува за Мадервел, оваа сезона во повратникот во елитата, Данди Јунајтед, пристигнаа Давид Бабунски и Кристијан Трапановски и тие веќе имаат клучна улога во составот на менаџерот Џим Гудвин.

Главната амбиција на Данди Јунајтед е опстанокот, но амбициозниот тим ќе се обиде да биде пријатно изненадување и да се бори за место во првата половина на табелата. „Скај Спортс“ направи мини анализа на првенството и побара од своите стручни коментатори Крис Сатон и Крис Бојд да го прогнозираат конечниот распоред на табелата, а и двајцата поранешни напаѓачи сметаат дека Данди Јунајтед нема да има проблем да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

– Гудвин заврши добра работа што ги врати во елитата, а беа многу активни и во преодниот рок. Некои од засилувањата веќе импресионираа, но екипата треба уште да се воигрува, не знам дали ќе успеат да ја одржат формата од почетокот во кој стигнаа до две победи и две нерешени средби. Сепак, Данди Јунајтед е голем клуб и има се што е потребно за да обезбеди опстанок, – вели Сатон кој прогнозира десетто место за овој состав.

– Почетокот на сезоната е импресивен, но очекувам да бидат во втората „шестка“ на табелата поради потешкотиите кои секогаш се појавуваат кај новајлиите во лигата. Новите играчи избрани од менаџерот се добри, посебно Давид Бабунски и Кристијан Трапановски кои се покажаа како одлични засилувања за екипата, – вели Бојд, кој има сериозно искуство со настапите во својата Шкотска и прогнозира деветто место за Данди Јунајтед.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни