Англија
Сатон го прогнозира премиерлигашкото коло, Тотенхем и Јунајтед го натераа на редок потег

Крис Сатон традиционално ги прогнозира натпреварите од Премиер лигата, па и новото коло го дочекува со типување со точен резултат на претстојните интересни натпревари.
Поранешниот напаѓач очекува викенд во кој фаворитите нема да дозволат кикс против послаби противници, па на пример Арсенал ќе слави на гостувањето на Лестер и покрај фактот што Микел Артета во меѓувреме остана и без Хаверц во нападот.
Сатон смета дека Сити ќе го победи Њукасл и покрај фактот што гостите играат во одлична форма, а Ливерпул ќе биде уште поубедлив на домашен терен против Вулверхемптон.
Брајтон и Челси ќе одиграат без победник, а дуелот Тотенхем и Манчестер Јунајтед изнудил редок потег на Сатон, кој смета дека натпреварот може да отиде во две насоки, па типувал со 1:2 и 4:0, алудирајќи на резултатските кризи и непостојаноста на двете екипи, а истовремено и на нивната насушна потреба од бодовите.
Како дополнителна препорака за типовите на Сатон е и фактот што го погоди ремито на „Гудисон“ меѓу Евертон и Ливерпул, иако типуваше со резултат 1:1.
Лестер-Арсенал 0:2
Тотенхем-Манчестер Ј. 1:2/4:0
Ливерпул-Волвс 3:0
Манчестер С-Њукасл 2:1
Кристал Палас-Евертон 1:0
Вест Хем-Брентфорд 2:1
Саутемптон-Борнмут 3:1
Фулам-Нотингем 1:1
Астон Вила-Ипсвич 2:1
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија11 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Германија7 часа
Лорис повторно во најлошо светло: Кариус со страшен кикс му пресуди на Шалке 04 (Видео)