Поврзете се со нас

Англија

Сатон го истипува новото коло во ПЛ: Девет од десетте натпревари ќе бидат од два до четири гола

Објавено

на

Во англиската Премиер лига се игра 22. коло, а свои предлог типови за истото даде некогашниот шампион со Блекбурн и некогаш најдобар голгетер во ова натпреварување, Крис Сатон.

Екс напаѓачот на Челси, Бирмингем, Норич и Астон Вила смета дека водечката петка на табелата ќе забележи победи, а и дека ќе слави Манчестер Сити на гостувањето кај Ипсвич.

Според неговите типови нема да има премногу голови или поточно ако се игра на голови најдобро е да се одигра од два до четири. Сатон верува дека на девет од десетте натпревари ќе имаме таков еполиг, односно тоа нема да се случи само на лондонското соочување меѓу Вест Хем и Кристал Палас.

Предлог типови на Сатон:

Њукасл-Борнмут 2-1

Брентфорд-Ливерпул 1-2

Лестер-Фулам 1-2

Вест Хем-Кристал Палас 0-1

Арсенал-Астон Вила 2-0

Евертон-Тотенхем 1-3

Манчестер Јунајтед-Брајтон 1-1

Нотингем Форест-Саутемптон 2-0

Ипсвич-Манчестер Сити 1-2

Челси-Вулверхемптон 3-0

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни